ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА АНАЛИЗА НА РОДОВАТА КОМПОНЕНТА НА „ПРОГРАМАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ”

Денес беше одржана Јавна дебата во салата за состаноци на општина Радовиш на тема Анализа на родовата компонента на „Програмата за еднакви можности на жените и мажите” и „Програмата за Локален економски развој”.

 На оваа дебатата присуствуваа претставници од општината, претставници на „Женска акција” Радовиш, тимот „Низ женски леќи”, локалните граѓански организации.

Локалната дебата во голема мера ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот на родово одговорно буџетирање од страна на локалната самоуправа, но и ќе им овозможи на граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. На овој начин, на граѓаните ќе им се даде можност да учествуваат во процесот на донесување одлуки и во следењето на спроведувањето на овие политики.

Јавните дебати се одржуваат во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост” финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира.

Во периодот Март 2022 -Септември 2023 Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија Женска акција Радовиш го имплементира проектот „Јас и мојата одговорна општина” во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост “.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза