Денес, во ООУ,,Никола Карев” Радовиш беше организирана и спроведена симулациска тактичко-показна вежба за спасување, како одговор при елементарни непогоди и катастрофи (пожар, урнатини и евакуација).
Вежбата беше организирана и спроведена од страна на ТППЕ Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Радовиш, по претходно утврдено сценарио.
ТППЕ Радовиш изврши обука на вработените и учениците со цел правилно да постапат во случај на вакви видови опасности . Во вежбата беа вклучени околу 400 ученици, наставниците, административно-педагошката служба и техничкиот персонал.
Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Радовиш, преку симулирање на спасување и евакуација на повредени лица и службата за ИМП .
Целта на вежбата беше проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во училиштата, увежбување на истите и отстранување на евентуалните недостатоци. Истата беше оценета како успешна.
Симулациски вежби со утврдено сценарио, понатаму, ќе бидат спроведени и во подрачните училишта на ООУ,,Никола Карев” Радовиш во с.Бучим, с.Тополница и с. Прналија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови