ИЊЕВО: ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

„Постоењето на нашето училиште се стреми кон секојдневна борба за знаење и современо образование, кое се трудиме да им го овозможиме на нашите ученици, со цел да ги подготвиме за вистински личности за иднината која им следи.“изјави директорот на училиштето, Дончо Ангелов.

Во една пријатна атмосфера, присутните имаа можност да го проследат приказот на темата во драмската изведба на „Ленче Кумановче“или „Бегалка“, подготвена од учениците под менторство на проф. Елена Илиева, чија испреплетеност на настаните го задржа вниманието до самиот крај, а крајот беше заокружен со музичката интерпретација на песната „Твоите очиЛено“ во интерпретација на хорот и оркестарот составен од учениците од централното и од подрачното училиште од с. Калуѓерица под менторство од проф. Тодор Стефанов.

 


ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ЛЕНЧЕ КУМАНОВЧЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ – С. ИЊЕВО

Погледнете ја преку претставата преку следниот ЛИНК

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза