Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски Митко Трајчулески вчера беа меѓу граѓаните на Радовиш како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.На маалска средба со граѓаните генералниот секретар Зечевиќ истакна дека СДСМ е државотворна партија која секогаш била на вистинската страна и носела државнички одлуки важни за иднината на македонската држава.– Од независноста на македонската држава, СДСМ е партијата која секогаш била на вистинската страна, носела државнички одлуки кои се потврдиле дека се исправни и значајни за иднината, стабилноста, безбедноста и економијата на земјата. Секогаш кога било тешко, СДСМ била тука. Државничкиот придонес на СДСМ е константа која трае до денеска. Од меѓународното етаблирање и признавање се до членство во најважните меѓународни организации. Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик. Сега е потребно да продолжиме по европскиот пат, да ги донесе сите неопходни реформи. СДСМ е предводник на европскиот концепт. Европска иднина на државата е можна само со СДСМ и ние ќе го предводиме овој процес во интерес на сегашните и идните македонски генерации, истакна Зечевиќ додавајќи дека членството во ЕУ носи и европски стандарди за подобар живот на сите граѓани.
СДСМ
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови