Како дел од проектот „Здружени и гласни за општество без дискриминација“, Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Општина Радовиш на ден 25.04.2023 год., Вторник во 13:00 час. во салата на Советот на општина Радовиш, организираше Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Радовиш.
На трибината, учесниците говореа за потребата од промовирање на принципот на недискриминација на локално ниво, можностите за соработка помеѓу институциите и организациите, постоечките локални политики за унапредување на родовата еднаквост и остварените резултати, како и детектираните случаи на дискриминација и законската можност за постапување заради спречување и заштита од дискриминација.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови