ВО РАДОВИШ КОМУНАЛНО ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ БАЗИРАНО НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ПЕТ ЈАВНИ ЗГРАДИ ВО ГРАДОТ

Одржан првиот состанок на Локалната група на чинители за проектот Зелена Топлина, финансирана од Европската Унија. Проектот има за цел да воведе комунално централно греење базирано на обновливи извори на енергија во пет јавни згради во градот.

Состанокот беше со цел да се објаснат спецификите на проектот и ги истакна придобивките од зелените извори на енергија. Градоначалникот Ристов ја истакна важноста на проектот за градот, наведувајќи дека тој е значаен чекор кон одржлива иднина.

Еден од клучните резултати на состанокот беше зголеменото ниво на транспарентност во проектот. Членовите на групата имаа можност да поставува прашања и да добијат одговори од градоначалникот и проектниот тим.

Првиот состанок на Локалните група е значајна активност во спроведувањето на проектот Зелена топлина. Поддршката и вклученоста на заедницата ја подобрува транспарентноста на целиот процес и ја подига јавната свест за одржливите извори на енергија.

Проектот Зелена топлина се реализира во соработка со Европската унија, Министерството за локална самоуправа и граѓанската организација ЦеПроСард од Скопје. Проектот ја покажува посветеноста на општината за промовирање на еколошки практики и намалување на трошоците за енергија за јавниот сектор. Сите активности на проектот се очекува да биде завршени до 2025 година.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза