Во пресрет на големиот празник на големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи денеска учениците од истоименото училиште ООУ“Кирил и Методиј“ од Ораовица го прославија својот патрнонен празник.
Активностите по повод патрониот празник и оваа година не изостанаа, дел од учениците имаа свој настап со неколку музички нумери пред присутните на оваа скромна свеченост, а исто така беа доделени наградите од објавените конкурси и спортски активности.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови