СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ ПО ПОВОД 7 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера на пригоден начин го одбележа 7-ми Мај, денот на македонската полиција со положување на цвеќе пред споменикот на бранителите Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев, лоциран пред зградата на ОВР Радовиш и со организирање на меморијален турнир “НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ”.
На овој начин денес како ОВР Радовиш укажавме почит на загинатите бранители, како и на нивните најблиски, чија загуба е ненадоместлива, а ни претставуваше посебна чест што со свое присуство не удостоија делегации на МВР, предводена од министерот Спасовски во состав Директорот на БЈБ Тасевски и Началникот на ОСПО Даневски. Делегација на МТСП предводена од заменик министер Хусејин , градоначалниците на двете општини  Радовиш и Конче и други ценети гости – информираа од ОВР Радовиш.
По одигрување на натпреварите во мал фудбал прво место освои екипата на ОВР Радовиш.
На сите вработени во ОВР Радовиш им го честитаме денешниот празник 7-ми Мај посакувајки им пред се здравје, личен и професионален просперитет.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза