Одржана работна средба со компаниите кои гравитираат на самиот влез во градот. Средбата беше на темата „Уредувањето на урбанистичко планските документации на просторот и подрачјето околу влезот на градот, согласно општинските планови и потребите на компаниите“ а ја одржа Градоначалникот Ристов во салата на Советот на општина Радовиш.
Покрај потребната функционалност на овој простор, беше дискутирано и за новото сообраќајно, партерно и естетското уредување кое значајно ќе го подобри влезот во самиот град и компаниите.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови