„ШАМПИОНИТЕ“ ОДБОЈКАРИТЕ ОД ООУ „КОСТА РАЦИН“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.

Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.

Овие постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари ги постигнаа под менторство на професор Симеон Џеков.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза