Лубеница (Citrullus lanatus) е зеленчук од фамилијата Cucurbitaceae. Таа е многу здрав зеленчук, а особено е корисна за бубрезите. Велат дека лубениците најпрвин растеле во пустината Калахари во Африка, и тоа пред илјадници години. Познатиот истражувач David Livingstone во 1850 година ја нашол таму во изобилство. Потоа лубеницата се раширила на Медитеранот.
Лубеницата е едно од најомилените јадења во лето. Таа е право освежување во жешките летни денови. Плодот на лубеницата содржи преку 90% вода, а многу малку белковини и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е добар извор и на бета каротин и ликопен.
Поради големата содржина на вода, лубеницата одлично ја гаси жедта. Во исхраната се користи свежа, во овошни салати и за правење на слатко. Поволно делува на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Во 100 гр лубеница има само 30 калории.
Земја на лубеницата е Кина, бидејќи денес таа е најголем производител на лубеници.
Многу од нас мислат дека лубеницата е овошје. Но, постои едноставно правило кое вели дека лубеницата е зеленчук од фамилијата краставици.
Отсекогаш било познато дека лубеницата е многу корисна. Таа е добар извор на корисни нутритиенти. Научниците утврдиле дека лубеницата содржи и големи количини ликопен – антиоксиданс кој му помага на организмот во борбата против ракот и ги заштитува од разни болести.
Ликопенот, кој го има само во некои овошја и зеленчуци, е многу ефикасен во борбата против слободните радикали, кои штетно влијаат врз здравјето на човекот.
Една студија спроведена на Универзитетот „Харвард“ покажува дека кај лицата чија исхрана е богата со домати и нивните преработки кои содржат доста ликопен, ризикот од појава на некои видови рак, особено рак на простата, е далеку помал. Ликопенот го има само во црвените лубеници. Тој ја дава црвената боја на лубеницата. Колку е лубеницата поцрвена, толку таа содржи повеќе ликопен.
Доматите се богати со ликопен, антиоксиданс кој го намалува ризикот од болести на срцето, како и ризикот од рак на јајчници, матка, простата. Но, едно парче сочна и слатка лубеница има двапати повеќе ликопен (7.8 мг), отколку еден домат.
Храната богата со антиоксиданси ќе ни помогне во редуцирањето на слободните радикали и во заштитата на кожата од последиците на сончањето. Слободните радикали се главната причина за изгорениците, прераното стареење и ракот на кожата. За нивното отстранување не е доволна само крема со висок заштитен фактор, потребно е и кожата да ја штитите и од внатре. Лубеницата содржи бројни корисни состојки, меѓу кои е и ликопенот, состојка која го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали и која помага во превенцијата на ракот и ја штити кожата од сончевите УВ зраци.
Овошјето и зеленчукот богато со ликопен помага во спречување на штетните последици од сончањето и ја обновува кожата по изложување на зрачење.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови