УЧЕНИЦИ ОД ООУ” КРСТЕ П. МИСИРКОВ” РЕАЛИЗИРАА ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА

Ученици и наставници од ООУ” Крсте Петков Мисирков” во деновите 29,30, 31 мај беа во посета на збратименото училиште “II шумадијски одред” Марковац – Велика Плана.

Посетата беше по повод патрониот празник на училиштето. Учиниците и наставниците во тие три дена разменија меѓусебни искуства и добри практики од наставниот процес во двете училишта.

Ваквите посети ќе продолжат и во иднина затоа што размената на искуства и дружбата на учениците и наставниците е важна во процесот на стекнување на нови и трајни знаења.

 

Информираат од ООУ” Крсте Петков Мисирков”

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза