ФА „ЗЛЕВСКИ БИСЕРИ“ ОД ЗЛЕОВО НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО СРБИЈА

Изминатиов викенд Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово настапи на ,,Мајски концерт,, во с.Трупале-Ниш, Р.Србија посветен на нивниот прерано починат кореограф Дејан Диниќ.
На концертот учествуваа 35 наши членови кои се претставија со: Ора од радовишкиот крај, Тресеница, Песни и ора од Источна Македонија.
Големо беше задоволството да се настапи на овој концерт бидејќи домаќинот КУД,,Буклија,,-Трупале има повеќегодишна соработка со фолклорните ансамбли од нашата општина за што и раководителот на Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово- Иванов Методи доби признание ЗА Културна соработка помеѓу ансамблите од Радовиш и КУД ,,Трупале,,.
Информираат од Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза