Радовиш беше домаќин на меѓународниот детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“ во организација на Фолклорниот ансамбл „Бучим“.
По тој повод во општина Радовиш се одржа прием на раководствата на претставниците кои зедоа учество на фестивалот. Беа поздравени гостите од Република Бугарија како и учесниците од нашата Македонија од страна на Секретарот Љупче Почивалец, а веднаш потоа се одржа и дефилето, молидбениот во Храмот Св. Троица и програмскиот дел во Спортската сала во Радовиш.
Инаку овој фестивал се одржува традиционално по повод празникот на градот „Св.Троица“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови