Mозаикот на детската фантазија, прекрасните бои, детските насмевки, среќата и радоста на најблиските и одговорноста на учесниците и организаторите беа причина и оваа година Радовиш да блеска во карневалскиот сјај.
Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“ на највисоко ниво го организираа традиционалниот радовишки детски карневал со учество на повеќе од 1000 маски од земјата и странство.
Почнувајки со предавањето на клучот од градот на карневалистите од страна на Градоначалникот Ацо Ристов, преку велелепната поворка низ улиците на нашиот град, креативното претставување на секоја маска и секако со доделувањето на наградите на најуспешните маски се заокружи оваа прекрасна манифестација.
Упатуваме огромна благодарност до сите учесници, честитки до сите наградени и секако благодарност до сите оние кои несебично ја дадоа својата поддршка, да Радовиш и оваа година биде горд карневалски град.
*фото Михаилов
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови