АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Денес во официјална посета на општина Радовиш беше амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир.

Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Градоначалникот Ацо Ристов и со членовите на Советот на општина Радовиш.

На средбата амабасадорот Гир беше запознаен со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и сл. а се дискутираше и за процесот на децентрализација, потребните реформи на системот на финансирање на општините, можностите за привлекување на инвестиции, проектите околу заштитата на животната средина и сл.

Исто така амбасадорот го посети општинското основно училиште „Коста Сусинов“ каде беше извршена презентација на проектот „Зелена топлина“ кој е целосно финансиран од Европската унија, а потоа во Музејот на љубовта и уметноста оствари средба со невладини организации, здруженија и граѓани од повеќе области, притоа разменувајќи мислења на повеќе теми, актуелни за нашето поднебје.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза