ВИКЕНДОТ ШТО ПРЕТСТОИ 8 И 9 ЈУЛИ ЗА НОВО ВЕЛОСИПЕДСКО ИСКУСТВО “АВАНТУРИТЕ НА КОНЧЕ И МАНТОВО“

Викендот што претстои 8 и 9 јули  за ново велосипедско искуство во општина Конче. Дводневниот настан “Авантурите на Конче и Мантово“ во кој ќе можеме да се запознаеме со природните убавини и локалните особености во овој дел на Македонија ќе биде на локација кај Влашки Колиби, Езеро Мантово, а овој проект е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија 

 

Учеството е бесплатно со задолжителна претходна регистрација преку линкот https://www.prvdovrv.mk/konche

 

Програма:
Сабота, 8 јули
10-15 часот Пристигнување и регистрација за поставување на сопствена камп опрема
17:00 Мала велосипедска тура околу Езерото Мантово
20:00 Вечера
21 – 00 Забава со Troya Band и DJ Flowzy

 

Недела, 9 јули
– 8:00 Доручек
– 10:00 Голема велосипедска тура

– 15:00 Ручек

 

Правила за учество
– Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
– Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
– Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
– Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
– Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
– Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза