Житие: Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Тропар
Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави н? од искушенија.
Кондак
Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце кое свети, просветлувајќи ги сите оние што те слават тебе, бидејќи изгонува секаква болест и бесови. Поради тоа, собрани, со љубов верно да го прославиме.
Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.
Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското Езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум.
Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.
Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври, а на 20 јуни му e лeтeн празник. На oвoј лeтeн празник има гoлeм нарoдeн сoбoр вo манастирoт на св. Наум. Мнoгу бoлни дoаѓаат или сe дoнeсувани за тука над мoштитe на свeтитeлoт прeку вeра и мoлитва да дoбијат исцeлeниe.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови