На теренот во ООУ „Никола Карев“ се одржа традиционалниот турнир во Баскет „STREETBALL 3×3 RADOVIS 2023” кој беше под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов.
Во одлична спортска атмосфера и пред многубројни љубители на уличниот баскет, вчера беа одиграни полуфиналните и финалните натпревари. Овогодишни освојувачи на првото место се екипата „СНАГА“ од Чаир – Скопје, кои во финалето ја победија екипата „ЗЛАТАРА НИКО“ од Радовиш. Третото место го освои екипата на Гевгелија.
Пехарите, медалите и ваучерите на најуспешните ги додели Градоначалникот Ацо Ристов, упатувајќи голема благодарност до сите учесници.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови