Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На седница на Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.
Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираат од МОН.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови