Денеска се започна со градежните активности околу уредувањето на самиот кеј на Ораовичка река во Ораовица. Овој проект ќе се реализира заедно со Рудникот „Бучим“, каде што беше потпишан Договорот за донација и спроведувањето на потребните постапки, како едно од приоритетните барања на жителите на Ораовица за уредувањето на кејот на Ораовичка река.
Активноста е во должина од 140 метри, која е всушност првата фаза од целосното уредување, почнувајќи од влезниот мост кон горниот тек на Ораовичка река.
И покрај летните горештини, сериозно продолжуваме со градежните активности – информираа од Општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови