Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Радовиш успешно ја спроведе првата обука за лични асистенти на лица со попреченост. Оваа обука беше спроведена по Одлука на Раководен одбор, со самофинансирање, 9 лица во период од март- јуни 2023 година ја следеа истата.
Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со теоретски и практични знаења од областа на личната асистенција на лица со попреченост како и психосоцијална поддршка, за што на ден 03.08.2023 им беа доделени и сертификати.
Се надеваме дека ќе го олесниме животот на лицата со попреченост.
Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Радовиш