ЗАПОЧНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „МЕДЕН РАДОВИШ“… И ДЕНЕСКА НА ПЛОШТАДОТ ВО РАДОВИШ „ЗДРАВИ ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ“…

Со богата програмска содржина вчера на Плоштадот Св. Спасо радовишки започна овоодишната манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.

Настанот имаше чест да го отворат Градоначалниците на Општините Радовиш и Конче, г-дин Ацо Ристов и г-дин Златко Ристов, од каде што се и учесниците на манифестацијата.

 „МЕДЕН РАДОВИШ“- манифестација на која пријавените излагачи во периодот од 18,19 и 20 август 2023 година се дел од регионалните туристички промотивни денови во градот Радовиш на локација-централно градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки. Манифестацијата е предвидена во деновите каде се одбележува чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.

Покрај изложувачите на здрави еколошки производи, производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот на плоштадот вчера младите уметници од Друштвото за ликовни уметници ДЛУР Рада од Радовиш имаа „ликовна колонија“ каде што на тема „Вредна пчелка“, а исто така и учениците од ООУ „Крсте П. Мисирков“ пред присутните посетители и гости имаа можност да го претстават својот проект „Пчелите не познаваат граници“. Настанот исто така беше збогатен со настапот на Фолклорните уметнички друштва КУД „Конче“ од Конче и ФК „Злевски Бисери“ од Злеово.
Организаторот Ве поканува и денеска да ја посетите манифестацијата и  да бидете дел од „Меден Радовиш“ и чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.

 

 

 

 

 

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза