МЕДНИ ДЕНОВИ И БОГАТА ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА И ИЗЛОЖУВАЧИ НА ЗДРАВИ ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ НА ОВОГОДИШНИОТ „МЕДЕН РАДОВИШ“.

Во склопот на одбележувањето на патронот на градот Радовиш Св. Спасо радовишки оваа година ќе биде организирана и манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.

За одбележување на празникот е предвидена богата програма, а  веќе традиционално и оваа година по втор пат „МЕДЕН РАДОВИШ“- манифестација на која пријавените излагачи во периодот од 18,19 и 20 август 2023 година ќе бидат дел од регионални туристички промотивни денови во градот Радовиш на локација-централно градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки. Манифестацијата е предвидена во деновите каде се одбележува чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.

Манифестацијата ќе биде збогатена со дополнителни програмски содржини и изложувачи на здрави еколошки производи. Излагачи на оваа традиционална манифестација ќе бидат: Производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот.
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од Манифестацијата „Меден Радовиш“ и чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки – упатуваат од организаторот.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза