ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД „ИЛИНДЕН“

Денеска ги славиме двата историски Илиндена, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Поклонувајки се пред ликот и делото на славните илинденци, револуционери и сите јунаци кои се бореа и изборија за денешна независна и слободна Македонија.

Сеќавајќи се на нивните дела, наша обврска е да ја продолжиме нивната борба и да придонесеме Македонија да биде поуспешна, просперитетна и држава.


Во Паркот на млади во Радовиш, на спомен обележјето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на големиот национален празник „Илинден“.

По тој повод свежо цвеќе положија повеќе делегации.


За многу години Илинден!

Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката!

About the author /


Related Articles

Временска прогноза