НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ЌЕ БИДАТ РЕДОВНО ОДРЖУВАНИ ВО ЦЕНТРАЛНИТЕ ПОДРАЧЈА

Населените места во општина Радовиш ќе добијат нов лик.

Согласно годишната програма за активности на општина Радовиш од областа на социјалата и распишаниот Јавен повик, ангажирани се 6 (шест) работници во населените места: Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Подареш и Ораовица, за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци.

 

Се работи за невработени лица коишто не ги губат правата по основ на невработеност а ќе бидат задолжени за редовно одржување на централните подрачја, детски паркови, зелени површини, локални улици и сл.

Информираат од Општина Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза