По повод влегувањето во училишните клупи, Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес ги посети новите првоодделенчиња во општинските основни училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“ доделувајки им ги подароците за нивното зачекорување во светот на знаењето.
Пакетчињата беа доставени и до новите првачиња во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, ООУ „Коста Рацин“ во Подареш и ООУ „Орце Николов“ во Ињево.
Оваа донација е целосно обезбедена од општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови