Драги пријатели, Радовиш и оваа година ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ која ќе се одржи во деновите од 13 до 15 Октомври, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.
Уште еднаш сите заедно да докажеме дека нашите два бренда-самунот и татлијата, и нашата топла гостопримливост се можност да поканиме уште повеќе гости и заедно да бидеме дел од нашата традиционална манифестација.
Ве очекуваме.
Информираат од Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови