ДЕНЕШЕН ДЕН 29 ОКТОМВРИ …

1507.- Роден е шпанскиот војсководец Фернандо Алварес де Толедо Алба, кој како намесник на Холандија со инквизиторски терор во 1565 година ја предизвика војната за ослободување, која заврши во 1581 година, со нејзино отцепување од Шпанија. Во 1581 година ја освои Португалија во која исто така направи крвопролевања.

1811.- Роден е францускиот социјалист-утопист Жан Жозеф Шарл Луј Блан, кој тврдеше дека социјалистичкото општество може да биде создадено по мирен пат, со помош на државата, со основање на „здружени работилници“ и земјоделски комуни. Дела: „Организација на работата“, „Истoрiја од десет години 1830-1840“, „Историја на Француската револуција“.

1814.- Првиот воен брод на пареа „Фултон“ кој го конструираше Роберт Фултон, исплови од Њујоршкото пристаниште.

1888.- Во Цариград е потпишана Конвенцијата за Суецкиот канал, според која „Каналот треба да биде слободен и отворен за сите трговски и воени бродови без разлика на знамето, како за време на војна така и во мир“. Тоа е почитувано, освен во војната кога Каналот беше затворен за непријателската Велика Британија, тогаш„тутор“ на Египет.

1889.- Умре рускиот писател, книжевен критичар и естетичар Николај Гаврилович Чернишевски, кој создаде естетички систем и силно влијаниешр на руската книжевност во 19. век. Поради пропагирањето на идејата за селанска револуција и утописки социјализам е прогонет во Сибир. Во романот „Што да се прави“ силно ги пропагира социјалситичко-утописките погледи на проблемите за брак, семејство, еманципација на жените и општествените идеали. Дела: „Погледи за руската книжевност во периодот на Гогољ“, „Русин на рандеву“.

1827.- Роден е германскиот воен злосторник Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Третиот рајх.

1910.- Роден е англискиот филозоф Џулс Алфред Ејер, чија книга „Јазик, вистина и логика“ е своеврстен манифест на логичкиот позитивизам. Дела: „Засновање на емпериското знаење“, „Проблем на сознанијата“.

1911.- Умре американскиот новинар од унгарско потекло Џозеф Пулицер, основач на „жолтиот печат“, чија фондација секоја година ја доделува „Пулицеровата награда“ за новинарство, карикатура, американска историја, поезија, драма, роман и музика. Како млад емигрира во САД, каде учествуваше во Американската граѓанска војна и беше биран на Конгрес. На унивезитетот „Колумбија“ во 1903 година ја основа првата новинарската школа.

1923.- Турција е прогласена за Република. – Национален празник на Турција. Генералот Мустафа Кемал од 1930 година наречен Ататурк е првиот претседател на Република Турција.

1929.- Крахот на Њујоршката берза, познат како „црн вторник“ го означи почетокот на големата криза на американското стопанство во која големи банки и моќни компании отидоа во стечај, а неколку илјади луѓе се доведени до просјачки стап. Со тоа се создаде ерата на самоубиства, големи недоверби и крајна безнадежност. Индустриското производство падна на ниво од почетокот на векот, а без работа останаа 26 милиони луѓе.

1936.- Во првиот воен удар во арапскиот свет, генералот Бакр Сидки ја собори ирачката влада.

1940.- Во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието “Македонски голос”. Роден е во селото Папрадиште, Велешко, во 1878 година.

1944.- Во селото Горно Врановци, Велешко, излезе првиот број на весникот “Нова Македонија” на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

1950.- Умре шведскиот крал Густав Петти, кој во текот на владеењето од 1907 година до неговата смрт и осигури неутрален статус на Шведска во двете светски војни.

1956.- Искористувајќи го француско-британскиот напад на Египет, израелската армија продре во Синај и брзо ги порази слабите египетски сили. Војната која двете западни земји ја поведоа заради заштита на политичките и економските интереси на Суец заврши во почетокот на ноември, по интервенцијата на Обединетите нации и острите предупредувања од СССР и САД.

1957.- Диктаторот Фулхенсио Батиста го суспендира кубанскиот устав.

1962.- САД се откажаа од поморската блокада на Куба на барање на генералниот секретар на ОН У Танта. САД ја блокираа Куба заради инсталирање на советско воено оружје на островот, со што е предизвикана Карипската криза, која заврши претходниот ден со договор помеѓу американскиот и рускиот лидер Џон Кенеди и Никита Хрушчов.

1964.- Обединетата република Тангањика, Занзибар и Пемба го промени името во Танзанија.

1973.- Мировните сили на ООН успаеја на египетската армија на Синај да и ги достават првите количества вода, храна и лекови.

1975.- Во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература. Драмите “Парите се отепувачка”, “Милиони маченици” и “Антица”, создадени пред Втората светска војна, претставуваат своевиден блесок и се придружија кон творештвото на Антон Панов и Васил Иљоски. По војната ги напиша уште и драмските дела “Гроф Миливој” и “Велик ден”, како и фрагментарно објавената биографија. Роден е во Струга, на 3 септември 1900 година.

1989.- Во Скопје умре Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1928 година.

1990.- Во Скопје, на Градските гробишта „Бутел“, точно на 50-годишнината од смртта, беа положени посмртните останки на Димитрија Чуповски, еден од најзначајните личности од историјата на македонскиот народ, кои на 29 јуни 1990 година беа пренесени од Санкт Петербург, каде што умре на 29 октомври 1940 година.

1993.- Прифатена е нотификацијата на Република Македонија со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Тоа значи дека возилата регистрирани во Република Македонија од овој датум ја носат ознаката „МК“.

1994.- По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес-центарот.

1995.- Умре Киро Поповски, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Република Македонија. Смртта го затекна на функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија која ја извршуваше од 1991 година. Киро Поповски е роден во тетовското село Вратница на 13 април 1942 година.

1996.- Во Виена е одржана аукција на околу 8.000 слики, скулптури и останати уметнички дела кои од австриските Евреи во Втората светска војна ги одзедоа австриските и германските нацисти, а приходот беше наменет за луѓето кои го преживеале холокаустот.

1998.- Ветеранот на американската астронаутика Џон Глен во 77 година од животот повторно полета во вселената, 36 години по неговата прва вселенска мисија.

1998.- Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за забрана на нуклеарни проби.

2002.- Државниот обвинител покрена обвинение против претседателот на Никарагва Енрике Боланосо и потпретседателот Хосе Ризо поради изборни измами. Тоа е прв случај во историјата на централноамериканската земја кривичното дело да е на терет на шефот на државата додека ја обавува должноста.

2002.- Во пожарот во петкатниот меѓународен трговски центар во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) загинаа 61 човек.

2004.- Во Рим, лидерите на Европската унија го потпишаа првиот Устав на Европската унија, чија цел е блокот од 25 земји да има поважна улога на светската сцена.

2011.- Во Париз француската компанија за информатичка технолигија „Аериал Консеј“ го отвори првиот саем на интернет во светот.

2014.- Претседателот на Замбија, Мајкл Сата почина во Лондон, каде престојуваше на лекување од непозната болест.

2015.- На 86-годишна возраст во Белград почина легендарниот кошаркарски тренер Ранко Жеравица. Жеравица со репрезентацијата на СФР Југославија освои злато на Олимписките игри 1980 година и на Светското првенство во 1970 година, а сребро на Игрите во 1968 година, на Светското првенство 1967 и европските во 1969 и 1971 и бронзи на СП 1982. Во тренерската кариера Жеравица ги предводеше Партизан, Барселона, Пула, Црвена ѕвезда, Сарагоса, Десио, Наполи, Конзервас, Сплит, Јувеказерта. Како тренер работеше до 2003 година. Жеравица е примен во Куќата на славните 2007 година. Роден е на 17 ноември 1929 година во Драгутиново.

 

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза