732.- Францускиот владетел Шарл кај Поатје и нанесе пораз на инвазиската војска на Сарачен под команда на валијата Абд-ар-Рахман, припадник на екстремно фанатистичката муслиманска секта, што му го донесе прекарот „Шарл Чеканот“ (Мартел).
1154.- Умре англискиот крал Стивен, внук на Вилијам Освојувачот, кој во текот на владеењето искажа голема храброст предводејќи ја војската во многу битки во граѓанската војна, но и малиот политички талент.
1400.- Во Лондон умре Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност, современик на Петрарка и на Бокачо. Најзначајно му е делото “Кентерберски приказни”, збирка од 24 циклуси приказни, од кои само две се во проза, а другите се во стихови. Тоа е првото и поголемо позначајно остварување на англиски јазик. Други негови познати дела се “Парламент на птици”, “Троил и Кресида” и други. Роден е во Лондон, во 1340 година.
1415.- Англичаните во Стогодишната војна, под команда на кралот Хенри V, им нанесоа тежок пораз на Французите во битката кај Азенкур во северна Франција.
1647.- Умре италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, т.н. Торичелиева цевка.
1806.- Роден е германскиот филозоф Каспар Шмит, познат како Макс Штирнер, прв теоретичар на анархизмот.
1825.- Во Виена е роден Јохан Штраус – помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: “Лилјакот”, “Циганскиот барон”, валцерите “На убавиот син Дунав” и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1899 година.
1838.- Во Париз е роден Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера “Кармен”, најуспешното дело на францускиот реализам. Компонира околу 50 соло-песни, една симфонија, свита и една увертира. Неговите опери “Иван Грозни” и “Ловци на бисери” (како и “Кармен”) се изведуваат на сите големи сцени во светот. Умре во Бугивал, во близината на Париз, на 3 јуни 1875 година.
1881.- Во Малага, Шпанија, е роден Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите “Госпоѓиците од Авињон”, “Герника” и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Најголемиот дел од животот го помина во Париз, оставајќи зад себе голем печат врз уметноста на 20 век. Тој многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика “Глава на жена”. Умре во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, на 8 април 1973 година.
1909.- Намесникот на Кореја и бившиот јапонски премиер принцот Ита Хиробуми убија корејски националисти, противници на протекторатот во нивната земја.
1936.- Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим – Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. “Оската” подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1936.- Предаден е во употреба часовникот на Саат-кулата во Битола. Тој е подарок од Народниот сојуз на Германија, а во знак на бладораност што битолчани им дале на Германците плац за изградба на Тврдината на загинатите германски војници во Првата светска војна на боиштето на Македонскиот фронт. Инаку, Саат-кулата се претпоставува дека е изградена во 17. век или во 1830 година кога е изградена црквата „Свети Димитрија“.
1944.- Јапонците првпат извршија напад со „камикази“ (пилоти самоубијци) против американската морнарица во заливот Лејт на островот Самар, во Филипинскиот архипелаг. Притоа, потопени беа три носачи на авиони и три десантни брода. Јапонија во текот на војната изврши вкупно 2.314 напади од кои целта ја погодија 474 „камикази“.
1945.- Во Португалија на престолот застана кралот Мануел I, кој современиците го нарекоа „Мануел Велики“ или „Мануел Среќниот“. За време на неговото владеење до 1521 година земјата економски и политички процвета и стана светска поморско-колонијална сила од прв ред. Им даде голема материјална помош на истражувачките потфати на морепловците Васко де Гама, Дијас де Новаес Бартоломеј, Дијего Кам, Педро Алварез Кабрал, со што одлучувачки придонесе во откривањето на поморскиот пат за Индија и откривајќи го Бразил, по што и Индија (денеска Индија и Индонезија) и Бразил станаа португалски колонијални имоти.
1956.- Египет, Јордан и Сирија основаа единствена воена команда.
1971.- НР Кина е примена во членството на ООН.
1983.- Трупи на САД ја окупираа кипарската островска држава Гренад.
1993.- Мелина Меркури, артистката во филмот “Никогаш в недела”, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. “Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам”, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994.- Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.
1995.- Амбасадата на Република Турција во Скопје го информира Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека Република Македонија е примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.
1995.- Врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО за палестинска самоуправа, израелските трупи почнаа со повлекување од градот Џенин.
2003.- Под обвинение за измама и огромни неплатени даноци уапсен е најбогатиот руски државјанин Михаил Ходорковски, мнозински акционер на гигантската нафтена компанија „Јукос“.
2011. – Пред изгрејсонце е погребан либискиот лидер Моамер Гадафи на тајно место во либиската пустина. Заедно со Гадафи биле погребани и неговиот син Мутасим и поранешниот либиски министер за одбрана Абу Бакр Јунис. На погребната церемонија на која исламски духовници прочитале молитви, присуствувале роднини на починатите и претставници на либиските власти. Телата на Гадафи, на неговиот син и на Јунис, кои беа убиени на 20 октомври, неколку дена стоеја во еден ладилник во Мисрата.
2011.- Островските држави Куракао и Сент Мартен се примени за асоцијативни членки на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО). Одлуката беше донесена едногласно на првата седница на Триесет и шестата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО. Според претседателот на конференцијата Дејвид Хепберн од Бахамските острови со приемот на овие две држави, УНЕСКО брои 201 членка и таа станува најмногучлена организација во семејството на ОН.
2011.- Умре првиот претседател на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, судијата Антонио Касазе. Касазе беше првиот претседател на Хашкиот трибунал од 1993 до 1997 година, а потоа беше судија во Специјалниот суд за Либан и една од водечките личности заслужни за развојот на меѓународното хуманитарно право.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови