По повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе 1️8 Октомври беше одржана презентација за трговијата со луѓе во ООУ ” Крсте Петков Мисирков” Радовиш.
Трговија со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на човековите права.
Презентацијата ја одржаа врсничките едукатори Евганија Ристова и Патриција Трајкова волонтери од Клуб на млади на ООЦК заедно со претставници од МВР Радовиш Абдураман Абдраманов и Душко Ќосев – Заменик командир за јавен ред и мир и превенција.
Со помош на вакви презентации сакаме да им ја покажеме ситуацијата на учениците со тргување на луѓе и колку може да биде опасно. Трговијата со луѓе исто така е многу распространета и преку социјалните мрежи затоа при користење треба да сме внимателни и да внимаваме на кого и што испраќаме – истакнуваат од ОО Црвен Крст Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови