РАСПИШAН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ПРИЗНАНИЈА И ПЛАКЕТИ ЗА 2023 ГОДИНА

Конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година.

На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш.

 


 

Во Јавниот конкурс се вели:

JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година

 

  1. Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година
  2. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш.
  • Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш.
  1. Потребни документи за поднесување се :

– Податоци за предложеното физичко или правно лице;

– Образложение за предлогот по конкурсот;

  1. Период за доставување на документите од 19.10.2023 год. заклучно со 26.10.2023 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2023 год.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.                        

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза