Вчеравечер, во 22 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш лишиле од слобода две лица од Радовиш, извести МВР.
„При преглед на патничкото возило со радовишки регистерски ознаки, управувано од првото лице во кое сопатник бил второто лице била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на првото лице, соопшти МВР.
Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш, првото лице признал дека поседува марихуана и во својот дом по што ја предал на полициските службеници.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови