„79 Години од палењето на Градот Радовиш од страна на фашистичкиот окупатор“
Сместен во југоисточниот дел од Македонија, градот Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на Радовишка Река. Во 19 и 20 век Радовиш и околината биле под влијание на историските настани поврзани со Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание, потоа настаните од Балканските војни, Првата и Втората светска војна и периодот по завршувањето на втората светска војна.
На 22-ри Октомври 1944 година Германската фашистичка војска запалила поголем број на куќи во централното градско подрачје.
Германскиот окупатор поради неуспесите и загубите кој ги трпеше на сите фронтови каде војуваше, на 22 октомври 1944 година го истури својот бес врз мирното население на Радовиш, запалувајки го градот Радовиш. Во тој пожар изгореа 143 куќи, 30 дуќана, монополот со еден милион килограми тутун, расадничките згради, основното училиште и други објекти.
Градот Радовиш е ослободен на 6-ти Ноември 1944 година.
По тој повод секоја година се одва почит и положува свежо цвеќе за загинатите борци во НОВ и овој немил настан и трагедија кој го преживеале нашите сограѓани.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови