ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА НАШИОТ ВЕЛИКАН, ПОЕТ, РЕВОЛУЦИОНЕР И СОГРАЃАНИН АЦО КАРАМАНОВ

На спомен обележјето во близина на Смојмирово во општина Берово, свежи венци положија делегации од: општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов, општина Берово предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, Центарот за култура Ацо Караманов, Сојузот на борците од општина Радовиш, Демокраската партија на турците од Радовиш и Друштвото на ликовни уметници РАДА ДЛУР.

Во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со ООУ „Никола Карев“ и општина Берово вчера беше оддадена почит на нашиот великан, поет, револуционер и сограѓанин Ацо Караманов, кој својот живот прерано го даде за слободна и независна Македонија.

Со овој свечен чин и официјално започнува програмата од одбележувањето на овогодишниот јубилеј „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“ која ќе биде пропратена со голем број содржини посветени на ликот и делото на Ацо Караманов.

 

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза