ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРОСЛАВА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА – ТУРЦИЈА“

Во организација на Турците на источна Македонија во недела на 29 октомври со почеток од 19.30 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш ќе се одржи прослава со концерт по повод Денот на републиката – Турција кој беше прогласен на 29 октомври 1923 година, по победата во националната борба заедно со Ататурк.

Републиканскиот систем во Турција е воведен на 23 април 1920 година, кога е формирано Големото национално собрание, кое ја одзема политичката власта на султанот, но Републиката официјално е прогласена од страна на Ататурк на 29 октомври три години подоцна.

 

По официјалното прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година, Ататурк е избран за прв турски претседател.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза