АЛЕКСАНДАР ЈЕРАМАЗОВ СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО БОДИБИЛДИНГ „ROMANIA MUSCLE FEST“…

Бодибилдерот Александар Јерамазов го обезбеди светското злато на престижниот Светски шампионат во бодибилдинг „Romania Muscle Fest“ што се одржа викендов во Букурешт.

По потекло од Радовиш, на своја 24 годишна возраст, ја покажа својата извонредна посветеност, која го поттикна Јерамазов да триумфира во Машката “Physique open class over 179 cm”. Жестоко натпреварувачка девизија во која учествуваа над 300 учесници.

Со извонредната спремност, Јерамазов не само што го освои златото во гореспоменатата категорија, туку го заработи и сребрениот медал во категоријата “Men’s physique novice over 178 cm”. Неговите достигнувања носат гордост не само за него, туку и за неговиот роден град и поддржувачите. Како и за целата држава.

Размислувајќи за овој врвен момент Јерамазов изрази: „Тоа е најневеројатното искуство во мојот живот, и морам да признаам, имаше моменти кога не можев да верувам дека ја делам истата сцена со елитни спортисти од целиот свет кои се борат за квалификации за престижната Mr. Olympia 2024“. Би сакал да изразам голема благодарност до сите што ме поддржаа. Огромна благодарност и до Градоначалникот и советот на Општина Радовиш.”

На настанот се собраа над 1000 атлети ширум светот, кои ја покажа својата дисциплина, посветеност, напорна работа и уникатен атлетизам во различни дивизии. Во интензивната битка за квалификациите за Pro Card (IFBB Pro League), меѓу огромниот фонд од над 300 учесници, Јерамазов обезбеди пласман во топ 8 атлети.

Натпреварот се одржа на 11-12 ноември во Букурешт, Романија. Romania Muscle Fest претставува квалификатор за најпрестижната светска лига во бодибилдинг IFBB pro League и квалификатор за врвниот светски бодибилдинг натпревар Мр. Олимпија. (An IFBB Professional League Olympia Qualifier/  IFBB Pro League Qualifier). 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза