1687.- Во Отоманското царство, по буната, од власт е тргнат султанот Мухамед IV, а на негово место дојде помладиот брат Сулејман III.
1721.- По војните против Отоманското царство и Шведска со кои се зацврсти Русија на Црното Море и Балтикот, Петар Велики е прогласен за цар на цела Русија.
1755.- Родена е француската кралица Марија Антоанета, сопруга на Луј XVI и ќерка на австриската царица Марија Терезија, која беше крајно несакна по избувнувањето на Француската револуција во 1789 година. Припишана и е ироничната порака упатена кон гладниот народ: „Ако немате леб, јадете колаче“. Под обвинение дека ја предала Фрација со тоа што била во врска со виенскиот двор, во 1793 година беше погубена на гилотина.
1766.- Роден е австрискиот војсководец од унгарско потекло фелдмаршал Јохан Јозеф Радецки, воен реформатор и национален херој кој повеќе од половина век во битките ги предводеше австриските трупи. Учествувал во битките против францускиот цар Наполеон I во Италија и на Рајна и во гушењето на италијанските востанија против Австрија во 1830, 1831, 1848 и во 1849 година. По победите врз Италијаните во 1848 кај Кустоце и во 1849 година кај Навара, стана гувернер на Ломбардијско-венецијанската област.
1789.- Во Франција беше конфискуван целиот имот на римокатоличката црква.
1815.- Роден е англискиот математичар Џорџ Бул, најзначаен творец на современата математичка логика и „Булова алгебра“, клучно за развој на сметачите. Поради сиромаштија, завршил само основно школо, но сам ги научил класичните јазици и француски, германски и италијански. Врз основа на извршените математички задачи, во 1849 година беше поставен за професор по математика на колеџот во Корк, по што го напиша најзначајното дело „Истражување на законот за мислењата“.
1903.- На врвот Маргара, близу до селото Чаниште, Мариовско, се водеше тешка борба меѓу четите на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов, Циле Кономладски и Јово Јовановиќ, од една, и турската војска, од друга страна.
1906.- Роден е Лукино Висконти, италијански филмски режисер, сценарист, еден од зачетниците на неореалистичката филмска школа. Познати се неговите филмови: “Земјата трепери”, “Роко и неговите браќа”, “Смрт во Венеција”, “Гепард” и други. Умре на 17 март 1976 година.
1911.- Роден е грчкиот писател Одисеј Алепуделис, познат како Одисеј Елити, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1979 година, чија поезија се одликува со ретко лексичко богатство и чудесни метафори. Дела: збирка песни „Ориентација“, „Монограм“, есејот „Отворена книга“ и др.
1913.- Роден е американскиот глумец Бартон Стивн Ланкастер, познат како Берт Ланкастер, кој како поранешен циркуски артист почна со улоги во авантуристички филмови, но потоа ја потврди и својата исклучителна актерка индивидуалност. Филмови: „Одовде до вечноста“, „Заробеникот од Алкатраз“, „Седум дена во мај“, „Воз“, „Гепард“, „Затворен семеен круг“, „Тетовирана ружа“ и други.
1917.- Велика Британија со Балфуровата декларација се заложи за основање на еврејска држава во Палестина.
1930.- Хаил Селаси I е крунисан за цар на Етиопија.
1938.- Унгарија ја анектираше јужна Словачка, искористувајќи ја инвазијата на својата сојузничка Гереманија на Чехолсовачка.
1944.- Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунистите) во писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито ја призна вината за фашистичките злодела направени во Југославија во Втората светска војна.
1950.- Во Хартфоршир умре Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му носат репутација на најдуховниот драматург во 20. век. Негови најпознати дела се драмите: “Света Ивана”, “Занаетот на госпоѓа Ворен”, “Мајсторот Барбара” и други дела. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.
1953.- Пакистанскиот парламент ја прогласи земјата Исламска Република Пакистан.
1958.- Последните британски војници го напуштија Јордан.
1964.- Во Саудиска Арабија од престолот е симнат кралот Сауд, а за крал е прогласен принцот Фејсал.
1971.- Умре Михаил Илич Ром, еден од врвните советски филмски режисери. Главни негови филмови се „Дунда“, „Ленин во октомври“, „Човек бр. 217“, „Тајна мисија“, „Адмирал Ушаков“, „Обичен фашизам“ и други. Роден е во 1901 година.
1976.- За претседател на САД е избран Џими Картер, кандидатот на Демократската партија.
1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут 6“ се вратија на Земјата, поставувајќи нов светски рекорд на престој во вселената – 139 дена и 14 часа.
1990.- Парламентот на Мозамбик усвои нов устав со кој во земјата е воспоставена повеќепартиска демократија.
1990.- Во Штип умре Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип. Со група ентузијасти под диригентската палка на основоположникот на музичкиот живот во Штип, Сергеј Михајлов, во 1924 година настапи во операта “Палјачи”, која се смета за прво музичко драмско дело, изведено во Македонија. Роден е во Штип, во 1902 година.
1995.- Поранешниот министер за одбрана на Јужна Африка Магнус Малан и 10 пензионирани виши офицери се уапсени под обвинение за убиства во време на режимот на апартхејдот.
2003.- Свештеникот на американската епископална црква Кенон Џин Робинсон е поставен на должноста бискуп иако јавно се изјасни дека е хомосексуалец.
2004.- Умре претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Зајед бин Султан ел Нахајан. На чело на Емиратите беше од здобивањето независност од британското владеење и формирање на унијата во 1971 година.
2005.- Тео ван Гог, холандски филмски и книжевен творец на контроверзни идеи, е убиен во Амстердам, два месеци по прикажувањето на неговиот краткометражен филм „Потчинетост“ на холандската телевизија, во кој говори за потценувањето на жените во муслиманските земји. Автор е на околу 20 филмови и три книги по кои Ван Гог е познат како остар критичар на исламизмот, хомосексуалците и Евреите.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови