ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Метални брендирани контејнери за собирање на мала отпадна електрична и електронска опрема се поставени од страна на Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема Екон Електрон ДОО Скопје заедно со општина Радовиш и ЈП „Плаваја“ на четири собирни центри во централното градско подрачје каде што граѓаните ќе можат да ги оставаат дотраената и непотребна отпадна електрична и електронска опрема.

Со овој проект се подига јавната свест во врска со целите и придобивките од собирањето и селекцијата на отпадот од електрична и електронска опрема и правилното постапување со истиот, односно неговата преработка и рециклирање.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза