Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш.
Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни.
Пржен праз со месо и везени суви чушки
Зимскиот период е најдобро за приготвување на овој традиционален радовишки специјалитет, ние ќе ви го претставиме оригиналниот „бабин рецепт“ на пржено „месо со праз“ иако во поново време секој според својот вкус на овој рецепт додава различен зеленчук, габички и друго.
Но оваа е тој „бабин рецепт“
СОСТОЈКИ:
- 2 кг свинско месо исечкано на коцки
- 5 цели главици – сечкан праз
- свинска маст, масло
- 5-6 суви чушки (по свој вкус лути или благи)
- сол, црн пипер по вкус
(овој рецепт е за фамилијарен оброк од 4-5 луѓе, може да го преполовиме за помал број на луѓе)
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Во длабока тава или тенџере загреваме маст со масло. Го додаваме месото и се пржи половина час да добие една убава пржена боја. Го вадиме месото, а во масло исто се пржат сувуте чушки 10 мин, исечени на крупно, после се вадат и тие испржени
Го ставаме празот околу 10 минути, и ги додаваме претходно попрженото месо и чушките и се остава да околу 10 минути, тука на крајот додаваме зачини по свој вкус.
Добар апетит!
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови