ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО СЛАБ ВЕТЕР, УТРЕ НАЈАВИ ЗА СНЕГ

Денес времето ќе биде променливо облачно по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните ќе бидат до максимални 16 степени.

Утре ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка.

 

За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза