Прворангираниот пензионер во топ листата најплатени пензионери која ја објави УЈП е од Скопје и пријавува странска пензија која изнесува 5,8 милиони денари на годишно ниво.
На второто место е жител на Делчево кој добил пензија во износ од речиси 2,7 милиони денари во 2022 година.
Третото, четвртото и петото место ги делат лица од Скопје, но на шестото место е пензионер од Радовиш кој добил 1,5 милиони денари во пензија за целата 2022 година.
Во оваа група од 10 најголеми пензии најниската пензија е 1.370 евра.
Еве ја целата топ 10 листа која ја објави УЈП:
Директорката на УЈП Сања Лукаревска информираше за годишните даночни пријави за 2022 година.
*фото Архива Пензионерски дом Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови