ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАЃААТ… ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ…

Денеска петпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд. Во петок ветерот ќе биде од јужен правец, додека за време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.

Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.

За време на викендот, а особено во недела наутро го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона на повеќе места, што значи на многу места низ Македонија температурата во недела наутро ќе се спушти до околу 0 степени, а понекаде и за некој степен под нулата – предвидуваат метеоролозите.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза