ВИКЕДОТ ШТО СЛЕДУВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ MЕМОРИЈАЛEН СОБИР „ЗОРАН МАЈСТОРСКИ“

Почитувани,
Bе покануваме заеднички да оддадеме почит и воедно да ја продолжиме традицијата и љубовта кон алпинизмот како што тоа го правеше нашиот непрежален Зоран Мајсторски.
Mеморијалниот собир ќе биде од слободен качувачки карактер, a право на учество имаат сите качувачи, сите љубители на природата и спортот. Учесниците треба да бидат во добра психо-физичка способност.
За времетраењето на собирот ќе располагаме со алпинистичкиот дом со капацитет од 10-12 легла, опремен со кујна и инвентар кој ќе биде во можност слободно да се користи. Како дополнителен простор се користи просторот за поставување на Ваши шатори веднаш до самиот домот.
Ве замолуваме за време на качувањето да се внимава на вашата безбедност и на безбедноста на луѓето околу вас, исто така Ве замолуваме отпадот да биде оставен на соодветно место, во канта за отпадоци !
Со почит, АК Плоча !

Контакт за информации и резервации:
Гоце Јовановски 072-225-133
Борче Ѓоргиев 078-570-093

Врвовите ќе останат неискачени, иако сега си многу повисоко од нив.

Вечна ти слава !

 

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза