ВЕЧЕРВА „ЛЕГЕНДАРЕН РАКОМЕТЕН НАТПРЕВАР СО ИГРАЧИТЕ НА РК РАДОВИШ“

РК Радовиш со особена чест и задоволство го најавуваат овој настан кој ќе се одржи во СРЦ „25 мај“ во Радовиш на 21.12.2023 година веднаш после првенствениот натпревар кој ќе се одигра со РК Металург-РА од 18.00 часот.

Ве покануваме да дојдете во СРЦ 25 Мај во Радовиш“ за да бидете дел од овој настан и го проследите „Легендарниот ракометен натпревар“ на играчите кои ги бранат боите на нашиот клуб и настапуваат во Првата ракометна лига и „легендарни ракометари-ветерани кои ги бранеле боите на РК Радовиш во изминатите децении“

Ве очекуваме!
РК РАДОВИШ


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза