Нашиот второлигаш ФК Детонит Плачковица кој оваа сезона има значителен успех и се наоѓа подолго време на високата втора позиција која носи директен пласман во највисокиот ранг на натпреаврување во Македонија, во сабота ќе го одигра последниот натпреавар на домашен терен оваа сезона против екипата на ФК Кожуф од Гевгелија.
Терминот за одигрување е 13.00 часот на Градскиот стадион во Радовиш, од управата ги покануваат сите љубители да бидат дел од овој натпревар и им дадат поддршка на нашите фудбалери до уште една победа.
Последото гостување ќе го имаат следниот викенд во струга против екипата на Караорман, по што следува паузата до почетокот на подготовките пред пролетниот дел.
Затоа утре сите на Градски во Радовиш – 13.00 часот.
Табела
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови