ПРЕДВЕСТИЕ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ-ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА „ПОВОРКА ЗА БАДНИК“

Во пресрет на Христовото раѓање, вчера дечињата од црковното хорче, тргнувајќи од Црквата „Св.Илија“, пристигнаа на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“, со Бадникова литија носејќи ја пештерата која го претставува Христовото раѓање во Витлеемската пештера.

Тие имаа свој настап со стари македонски коледарски песни.

 

 

 


“БАДНИК ЗА СИТЕ!  – РАДОСТ ЗА СИТЕ!”

Освен во Радовиш, традиционално во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста се одржуваа во повеќе градови и населени места во нашата земја. “Вечниот Бог” се пееше, и радост сееше, низ улиците, а распеаните коледарчиња беа дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Вечниот Бог – Коледарска песна

Вечниот Бог (Божикна честитка) коледарска песнаВечниот Бог слезе и во Дева се вселиСвет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.

Gepostet von Radovis News am Mittwoch, 3. Januar 2018



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза