РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ – ЈАВЕН ПОВИК ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА И СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ

Општина Радовиш распиша Конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2024 год. во конкурсот се вели:


  1. Се распишува јавен повик за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2024 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

-годишна програма за работа и финансиски план за 2024 год.;

-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2023 год.;

-копија од завршна сметка (за спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

-копија од решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или потврда од федерација;

-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);

-потврда за отворена и активна жиро сметка.

  • Период за доставување на документите е 14 (четиринаесет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 18.01.2024 год.
  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен конкурс бр.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза