СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ВРНЕЖИ ОД ДОЖД НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините долж Повардарието магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје претежно магливо, околу пладне маглата делумно ќе се намали.

Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза