СЛЕДУВА ПРОДЛЖЕН ВИКЕНД – ПЕТОК НЕРАБОТЕН ДЕН

Јануари е месец со најмногу празници и неработи денови.

До крајот на јануари имаме уште еден неработен ден. 19 јануари (петок), кога се слави Богојавление (Водици) е неработен за православните верници. 


За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ, неработен ќе биде 27 јануари (сабота), Свети Сава.

Во февруари и март нема неработни денови. 

  • Во април неработен е 10 април (среда) кога се одбележува првиот ден од Рамазан Бајрам. 
  • Во мај доаѓа големиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден, па така неработен ден е 6 мај (понеделник) што значи ќе имаме продолжен викенд. За правсолавните христијани неработен ќе биде и Велики Петок. 
  • Први мај – Денот на трудот и 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, ќе бидат неработен ден за сите граѓани. 
  • За сите граѓани неработни денови до крајот на 2024 година ќе бидат: 
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. 

За православните христијани неработи денови ќе бидат: 

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза